Дома Останати Авто Мото Ботас: Се изморив да бидам поддршка на Хамилтон

Ботас: Се изморив да бидам поддршка на Хамилтон

Финецот Валтери Ботас призна дека во еден момент додека возел за Мерцедес во периодот од 2017 до 2021 година бил блиску до одлука да ја напушти Формула 1.

„На крајот на 2018 година бев блиску да се повлечам. Не можев да се помирам со фактот дека не можам да го победам Хамилтон. Направив премногу притисок врз себе и мојот ум почна да оди на некои темни места“, изјави Ботас.

Пред почетокот на следната сезона Ботас отпатува во Јужна Африка каде целосно се изолира од светот.

„Одморив и направив поголема слика во мојата глава. И резултатите дојдоа веднаш. Во средината на сезоната бев рамо до рамо со Хамилтон, но тогаш тој беше многу поконстантен. Ја вратив страста, но ми здосади да бидам поддршка на Хамилтон“, изјави Финецот.

Ботас од оваа сезона вози за Алфа Ромео, а најголем успех му е пласманот на петтото место на трката за Големата награда на Емилија Романо во Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Хамилтон стана Бразилец!

Поранешниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон за својата приврзаност кон Бразил од парла…