Луис Хамилтон реши да потпише договор со Ферари, кој ќе важи од 2025 година, а неговиот поранешен тимски колега Валтери Ботас имаше само пофални зборови за Британецот.
Ботас призна дека е изненаден од одлуката на Хамилтон, но смета дека може да му ја донесе шампионската титула на италијанскиот тим.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Мислам дека тоа е добро за него. Сигурен сум дека ќе биде многу возбудлив проект за него за да се обиде да стигне до врвот со Ферари. Ако некој може да му донесе шампионска титула на Ферари, тогаш тоа е Хамилтон“, кажа Ботас.
Хамилтон потпишал повеќегодишен договор со Ферари, но засега не се откриваат детали.