Сумаила Кулибали, младиот стопер на ПСЖ кариерата ќе ја продолжи во Борусија Дортмунд.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
17 годишниот дефанзивец ги помина сите помлади селекции на Франција и се смета за еден од најталентираните фудбалери во неговата земја.
Во ПСЖ тој дојде во 2019 година, а сега одлучи да гради кариера во Борусија. Со „милионерите“ тој потпишал договор на пет години.
Ќе потсетиме, претходно Дан Аксел Загаду исто така од ПСЖ премина во Борусија.