Дома Македонски спорт Боречкиот клуб „7. мај“ – Прилеп го доби пехарот во женско борење за 2020

Боречкиот клуб „7. мај“ – Прилеп го доби пехарот во женско борење за 2020

Боречкиот клуб од Прилеп „7. мај“ денес го доби пехарот во женско борење за 2020 година.

Претседателот на боречката федерација на Македонија, Дејан Богданов го предаде пехарот на клубот.  Ова беше прв куп во борење во женска конкуренција. До минатата година кај нас функционираа само три женски клуба па не можел да се организира, тоа стана можно откако бројот на женски клубови се зголеми на 10.

Државни шампиони во пионерска конкуренција, државни шампионо севкупно во кадетска конкуренција и државни шампиони во севкупна конкуренција се признанијата со кои се закити „7. мај“.

„Така што ние како Ферерација максимално ќе го поддржуваме овој клуб, ќе направиме се да се развие женското борење, особено во Прилеп има добар тим во клубот кој може да постигнат големи резултати. И мислам дека оваа титула ќе остане подолг период тука во Прилеп. Така што тоа е една мотивација плус и за клубот и за тренерите и за спортистите“, изјави Дејан Богданов, потпретседателот на боречката федерација на Македонија

Барбара Стојкоска која е член на клубот истакана големо задоволство.

„Ова е голем успех за нас, долгоочекувано нешто, многу трениравме, многу се трудевме за ова и се надевам дека и понатаму ќе бидеме успешни, не само во Македонија туку и во регионов“

Претседателот Јане Тренчески очекува високи резултати и во иднина.

„Во иднина, благодарение на поддршката од страна на боречката Федерација, се гледаме чекор подалеку. Ние морам да признам дека како клуб „7 Мај“ имавме една тешка задача да создаваме традиција како однос кон борењето бидејќи досега тоа го немаше во Прилеп. Сега чекор по чекор дојдовме до тука, а се надевам дека ќе одиме и малку подалеку на интернационален план“

Секако задоволен беше и Сашо Игнатовски кој е тренер во клубот.

„Во иднина, благодарение на поддршката од страна на боречката Федерација, се гледаме чекор подалеку. Ние морам да признам дека како клуб „7 Мај“ имавме една тешка задача да создаваме традиција како однос кон борењето бидејќи досега тоа го немаше во Прилеп. Сега чекор по чекор дојдовме до тука, а се надевам дека ќе одиме и малку подалеку на интернационален план“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Дибиров: Победа над Порто за потврда дека сме на добар пат

Вардар утре ги продолжува настапите во Лигата на шампиони и ќе ги одмери силите со Порто. …