Дома Македонски спорт Борец ги шокира Пандевци, Вардар осамен на врвот

Борец ги шокира Пандевци, Вардар осамен на врвот

Тимот на Академија Пандев попладнево загуби на гостувањето во Велес кај Борец и го остави Вардар сам на врвот на табелата.

Борец го изненади фаворитот и со 1-0 стигна до три бода. Херој на домаќините беше Прелчец во 80. минута. 

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Шкендија одигра 0-0 на гостувањето кај Македонија ЃП. Највозбудлово попладнево беше на дуелот помеѓу Ренова и Шкупи, меч во кој домаќините два пати водеа, но гостите два пати се враќаа и на крајот се изборија за реми 2-2. 

Резултати:

Борец – Академија Пандев 1:0
Македонија ЃП – Шкендија 0:0
Ренова – Шкупи 2:2
Силекс – Струга ТЛ 1:0.

Вчера Вардар го совлада Работнички со 2:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…