Капитенот на Милан Леонардо Бонучи денес јавно ја потврди својата верност кон „росонерите“.
Милан ја чека одлуката на УЕФА и можно е да биде исфрлен од Лига Европа, па медиумите шпекулираа дека дел од најголемите ѕвезди на тимот ќе побараат трансфер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најголем интерес од европските гиганти секако има кон Леонардо Бонучи, но тој потврди дека сигурно останува во Милан.
„Мојата иднина е во Милан, без разлика што ќе се случи. Чекаме да видиме каква ќе биде одлуката на УЕФА, но тоа нема да смени ништо. Нашите цели за следната сезона остануваат исти, сакаме што побрзо да се вратиме во Лигата на шампиони“, изјави Бонучи.
Дефанзивецот потоа беше запрашан кој е негов фаворит на Мундијалот.
„Жал ми е што Италија не е на Мундијалот. Има неколку силни репрезентации кои претендираат на трофејот, но ако морам да изберам, ќе кажам Аргентина“, изјави Бонучи.