Дома Фудбал „Бомба“ од Шпанија: Чави во вторник последен пат ќе ја води Барселона?

„Бомба“ од Шпанија: Чави во вторник последен пат ќе ја води Барселона?

Чави Ернандез веќе во вторник би можел да ја напушти клупата на Барселона.

Шпанските медиуми ја пренесуваат веста дека 44-годишниот ќе го напушти клубот доколку Барса не успее да се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампионите против Наполи.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Чави Ернандез реши да ја напушти Барселона на крајот од оваа сезона. Својата одлука тој веќе одамна ја соопшти на клупското раководство, а иако се споменуваше можност за останување, 44-годишникот не се предомисли.

На крајот може да се случи Чави да ја напушти клупата веќе во вторник и осминафиналето против Наполи да биде негов последен на клупата на каталонскиот гигант. Така барем тврди новинарот Дани Гаридо.

Тој тврди дека Чави ќе стане поранешен ако клубот не се пласира во најдобрите осум екипи во Европа.

„Доколку Барса не се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампионите, Чави ќе го напушти тимот. Негова замена ќе биде Рафа Маркез“, вели Гаридо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милевски откри од кои фудбалери очекувал повеќе денеска

Македонската фудбалска репрезентација денеска одигра само реми против Фарски Острови (1:1)…