Дома Топ вести „Бомба“: Интер сака да го „украде“ Дибала

„Бомба“: Интер сака да го „украде“ Дибала

Италијанските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Интер ќе се обиде да ја донесе ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала.

„Газета дело Сппорт“ пренесува дека директорот Бепе Марота, кој е бивш директор на Јувентус, ќе се обиде да го донесе Дибала како слободен агент на Џузепе Меаца.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иднината на Пауло Дибала во Јувентус е неизвесна бидејќи неговиот договор истекува на крајот на сезоната. Аргентинецот беше подготвен да го продолжи договорот, но Јувентус ги промени условите, па сега фудбалерот е спремен да замине.

Марота сака да го убеди Дибала да се пресели во Интер, иако платата од 10 милиони евра сигурно би била проблем за „нероаѕурите“.

Меѓутоа, Дибала преферира преселба во друга лига доколку го напушти Јувентус на крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сејдини: Македонија може да има успех во Лигата на Нации, знам дека тоа го мисли и селекторот

На Редовното генерално Собрание на Фудбалската федерација (ФФМ) на Македонија, претседател…