Дома Македонски спорт Боксерите од Анталија ќе се вратат со најмалку бронза!

Боксерите од Анталија ќе се вратат со најмалку бронза!

Гоце Јаневски обезбеди бронзен медал за Македонија на Балканското првенство во Анталија

Македонскиот репрезентативец Гоце Јаневски  го победи Србинот  Филип Џиниќ во четвртфиналето со 3-2 во категоријата до 75 килограми. Со оваа победа Јаневски обезбеди најмалку бронза за Македонија на Балканското првенство во Анталија, Турција.

Во полуфиналето ќе се сретне со Бесарт Пирева од Косово кој настапи на Златен Гонг 2019. Оваа борба е закажана за петок.

Вториот наш претставник Арсим Етеми загуби од  Бирол Ајгун од Турција со 5-0 и го заврши настапот на шампионатот.

Третиот наш претставник, Јасин Љама утре (четврток), се среќава со Георге Думитреску од Романија во категоријата до 63 килограми.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Висенте Дел Боске доаѓа во Скопје!

Eден од најголемите тренери во светот на фудбалот доаѓа во Скопје. Претседателот на, Агенц…