Tренерот на Бока Јуниорс, Диего Мартинез изминатата вечер поднесе оставка од функцијата.
Оставката на Мартинез доаѓа по вчерашниот пораз од Белграно по кој Бока падна на 12. позиција на табелата во првенството. Во ваква ситуација шансите за титулата се скоро и изгубени бидејќи аргентинскиот гигант има 12 бода помалку од Велез и тоа со натпревар помалку.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
„Си заминувам откако разговарав со управата и со фудбалерите. Им благодарам на клубот и претседателот за укажаната доверба и верувам дека во овој момент и покрај чувството дека сите сме виновни, најдобро е да заминам за да дојде до промена“, изјави Мартинез.
Претходниот викенд, Бока беше поразена и во дербито со Ривер Плата.