Дома Останати Кошарка Богдановиќ во жестока расправија со тренерот: Србинот полуде и скокна од клупата, па го нападна Снајдер (ВИДЕО)

Богдановиќ во жестока расправија со тренерот: Србинот полуде и скокна од клупата, па го нападна Снајдер (ВИДЕО)

Богдан Богдановиќ ја предводеше Атланта до победата, беше најефикасен во победата против Чикаго, а еден детал го одбележа тој меч. Главната улога ја имаше Србинoт. Не поради кош, асистенција или потег на теренот, туку поради конфликт со тренерот Квин Снајдер. Двајцата влегоа во клинч за време на тајм-аут.

Прво Богдан фрли шише со вода, а потоа ситуацијата ескалира. Соиграчите се приближија и успеаа да ги раздвојат и да спречат уште поголем хаос.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Не се знае која била точно причината за конфликтот.

На крајот од натпреварот и двајцата сето тоа го опишаа како „жар во борбата“ и дека ништо важно не се случило. „Боги беше одличен, јас и тој имаме одличен однос“, беше јасен Снајдер по натпреварот.

Истото прашање му беше поставено и на српскиот ас. „Квин сигурно е мој човек. Тој ме турка цела година, имаме мали расправии, но тоа е сосема нормално и се случува. Тажно е тоа што се случи на натпреварот и на ТВ преносот, но тоа е дел од играта. Нормално е, тоа е нашиот свет. Повторувам, тоа е нормално“, заклучи Богдановиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Уште едно признание за Дончиќ: Стана најмладиот добитник од 2012 година

Асот на Далас Маверикс, Лука Дончиќ и официјално го доби признанието за најдобар стрелец в…