Малку недостасуваше Хатем Бен Арфа да стане играч на Фиорентина, но договорот пропадна и контроверзниот играч остана без трансфер во Италија.
Фиорентина ова летоа беше исклучително амбициозна на трансфер пазарот и помеѓу другите пристигна и Франк Рибери. Се обидоа да го доведат и Бен Арфа, меѓутоа некогаш големата надеж на европскиот фудбал го одби клубот од Фиренца.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Бен Арфа се одлучи да почека нешто подобро, а бидејќи е слободен играч нема да мора да го чека зимскиот преоден рок.
Својот потег да ја одбие Фиорентина Бен Арфа го објасни на социјалните мрежи.
