Дома Македонски спорт Бенфика го сака Елмас уште во јануари!

Бенфика го сака Елмас уште во јануари!

Според информациите на португалските новинари македонскиот фудбалер Елиф Елмас е на мета на Бенфика.

Португалскиот медиум „ТВИ24“ објави дека Бенфика би можела да испрати понуда за Елмас во јануарскиот преоден рок. Како што се наведува, Елмас бил голема желба на стратегот на Бенфика, Жорге Жесус.

Се додава дека желбата на Бенфика е да го доведе Елмас на позајмица, опција која и повеќе би одговарала за Наполи, но не е исклучена можноста и за целосна продажба.

Елмас во август со Наполи потпиша договор до 2025 година, а во Наполи дојде минатата година од турскиот Фенербахче. Оваа сезона под палката на Гатузо Елмас собра седум настапи во Серија А и постигна еден гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Реал Мадрид е новиот европски шампион!

Реал Мадрид вечерва во Париз стигна до 14-тата титула европски шампион. Победата ја донесе…