Дома Фудбал Бразил вечерва ќе се обиде да прекине една неверојатна традиција!

Бразил вечерва ќе се обиде да прекине една неверојатна традиција!

Бразил вечерва ќе се соочи со Норвешка во осминафиналето на Светското првенство, натпревар кој започнува во 22 часот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако тимот на Карло Анчелоти се смета за фаворит на оваа средба, историјата не е на нивна страна.

Последен пат кога Бразил ја поразил европска репрезентација во нокаут фазата на Светско првенство беше Германија во финалето во Токио, во 2002 година.

Потоа Бразилците секогаш биле елиминирани од европски тимови. Во 2006 година во четвртфиналето ги победи Франција со 1:0. Четири години подоцна, во Јужна Африка, исто така во четвртфинале, беа поразени од Холандија со 2:1.

Следеше трагедијата во Бело Хоризонте, каде што Германија ги уништи како домаќини во полуфиналето со неверојатни 7:1. Во Русија, пак, беа поразени од Белгија со 2:1 во четвртфинале, а во Катар беа елиминирани од Хрватска по изведување пенали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голманот на Парагвај искрено: Го гаѓав Мбапе затоа што не му пружи рака (Видео)

Иако селекцијата на Јужна Америка успеа да ја изненади Германија со својата цврста игра ко…