
Иако селекцијата на Јужна Америка успеа да ја изненади Германија со својата цврста игра која ги доведе до пенал-серија, Парагвај не успеа да ги победи „триколорите“, иако им го отежнаа животот во осминафиналето.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Французите беа незадоволни од судискиот критериум на Узбекистанецот Илгиз Танташев, кој светските вицешампиони трипати им покажа жолт картон, а на Парагвајска селекција ниту еден.
Сепак, најнепријатната сцена на натпреварот се случи веднаш по завршниот свиреж, кога голманот на Парагвај, Орландо Хил, се обиде да се ракува со Мбапе, кој го игнорираше, па изнервираниот чувар на мрежата на Сан Лоренцо фрли топка кон него..
Mbappé lo ignoró y Gill le tiró le pegó con la pelota. Banco todo https://t.co/vS0ktb39zi pic.twitter.com/e10RQswW3l
— Fabipa (@fabipa90) July 5, 2026
„Сакав да се ракувам, но ме игнорираше, поради што изгубив контрола“, објасни 26-годишниот играч кој е роден во градот Сан Лоренцо, име кое е исто на аргентинскиот гигант за кој игра на клупската сцена, а потоа се извини на Мбапе.