Дома Фудбал Голгетер од Франција ќе тресе мрежи за Струга!

Голгетер од Франција ќе тресе мрежи за Струга!

Струга продолжува со засилувањата во пресрет на новата сезона, а најново име во составот е францускиот напаѓач Агамат Хамонд.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Станува збор за 29-годишен голгетер со француско државјанство и ганско потекло, кој досегашната кариера ја градеше во клубови од пониските француски лиги.

Во редовите на Струга пристигнува од францускиот Шареј, каде што ја мина изминатата полусезона. За својот поранешен клуб одигра 17 натпревари, постигна шест погодоци и запиша една асистенција.

Според неговата досегашна статистика, Хамонд има вкупно 114 настапи во кариерата, на кои реализирал 51 гол и додал пет асистенции, бројки со кои ќе се обиде да даде значаен придонес во нападот на македонскиот прволигаш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн му даде неверојатно ветување на Мусиала ако се одлучи да се повлече поради здравствени проблеми

Синоќа, Мусиала повторно предизвика загриженост во светот на фудбалот, затоа што вторпат в…