Тренерот на Наполи, Маурисио Сари, на крајот од оваа сезона најверојатно ќе го напушти клубот, а веќе се шпекулира кој би можел да биде неговата замена.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Сари веќе три години е на клупата на Наполи, но веќе се чини дојде време за разделба. Италијанските медиуми веќе шпекулираат дека претседателот, Аурелио Де Лаутентис веќе тргна во акција, и дека најголема желба му е на клупата на Наполи да се врати Рафа Бенитез.
Шпанскиот стратег, пред неколку години успешно го предводеше Наполи, но во 2015. година одлучи да замине во Реал Мадрид. Во кралскиот клуб не се задржа долго, а сега е на клупата на Њукасл.
Како што пишуваат медиумите на Апенините, Де Лаурентис веќе го контактирал Бенитез и му понуди работа во Наполи. Бенитез не ја одбил оваа можност, но исто така не сакаше ниту да потврди дека ќе го напушти Њукасл на крајот од оваа сезона.