Сопствениците на англиски Њукасл, „Public Investment Fund“ ја презема сопственоста на уште два клуба – Ал Наср за кој игра Кристијано Роналдо и Ал Итихад за кој наскоро ќе настапува Бензема.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сите саудиски клубови пред ова беа во сопственост на државата, но не под државна контрола, барем така е официјално. Сега целта е приватизација и вложување во спортските клубови, тоа е проект кој го започна тамошната Влада.
Инаку, на Њукасл му оди одлично по преземањето од оваа групација и од тим кој се бореше за опстанок, сега Њукасл е тим кој наредната сезона ќе игра во Лигата на шампионите.
Арапите преку спортот се обидуваат да придонесат за подобар имиџ на земјата во светот, па така ќе продолжат со вложување, а сигурно дека во наредниот период ќе гледаме нови познати фудбалски имиња кои прават трансфери во овие земји.