Мехди Бенатиа јавно го изрази своето незадоволство од минутажата која ја добива оваа сезона, па најверојатно ќе го напушти Јувентус во зимскиот преоден рок.
Најсилен интерес за 31-годишниот Мароканец покажува раководството на Милан, кое е во потрага по замена за Калдара кој подолго време ќе отсуствува поради повреда.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Спортмедиасет“ пренесува дека „росонерите“ веќе започнале преговори и се многу блиску до реализација на трансферот, бидејќи Јувентус нема да се противи на продажбата на дефанзивецот.
Имено, Бенатиа најверојатно ќе се пресели на „Сан Сиро“ во јануари на шестмесечна позајмица со задолжителен откуп на лето за 15 милиони евра.
#Juve – #Benatia verso l'addio a gennaio: spunta l'idea #Milan. https://t.co/f5rP4Q3VRp
— SportMediaset.it (@Sport_Mediaset) November 7, 2018