Дома Фудбал Италија Белоти побарал трансфер во поглем клуб!

Белоти побарал трансфер во поглем клуб!

0

Од Италија пристигнуваат информации дека Андреа Белоти побарал од Торино да биде продаден ова лето.

Овие информации во јавноста ги лансираше новинарот Танкреди Палмери.

Секојдневното поврзување со Милан и Челзи, како и информациите дека е најголема желба на Виченцо Монтела и Антонио Конте, не можеа да поминат без „последици“.

Андреа Белоти и соопштил на управата на Торино дека сака трансфер во поголем клуб.

Да потсетиме, претседателот на Торино Урбано Каиро на почетокот на тековниот преоден рок изјави дека би го продале Белоти само доколку некој клуб понуди 100 милиони евра.

Останува да видиме дали претседателот на „биковите“ сеуште ќе се држи до оваа изјава или малку ќе попушти.

 

Прочитајте поврзани статии
Повеќе S. D.
Load More In Италија

Проверете

Ова е најдобриот голман на светот: Во овој момент Каталонците поседуваат „незаменливо чудо“

Марк Андре тер Штеген е најдобриот голман на светот. Така барем тврди дефанзивецот на Барс…