Дома Фудбал Бартомеу потврди: Одбивме неверојатни понуди за Фати

Бартомеу потврди: Одбивме неверојатни понуди за Фати

Бившиот претседател на Барселона, Жосеп Бартомеу потврди дека имало богати понуди од Англија за Ансу Фати и Осман Дембеле.

Бартомеу не ги откри имињата на клубовите, но потврди дека Барселона без размислување ги одбила понудите.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


„Во 2020 година англиски клуб понуди 150 милиони евра за Фати. Ако ја прифатевме понудата тоа ќе ја решеше финансиската ситуација во клубот. Ние кажавме НЕ бидејќи приоритет ни беше развој на спортскиот проект“, изјави Бартомеу.

„Во случајот со Дембеле англиски клуб ни даваше повеќе од тоа што ние плативме за него (135 милиони). Меѓутоа, ние исто ја одбивме понудата“, додаде Бартомеу.

Минатата година англиските медиуми пишуваа дека Манчестер Јунајтед испратил богата понуда за Ансу Фати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер го сака промашувањето на Баерн Минхен

Баерн Минхен имаше големи планови со Жоао Пальиња (30) кога го доведе пред една година од …