Дома Трансфер зона Барселона ја иритира ситуацијата со Дембеле

Барселона ја иритира ситуацијата со Дембеле

Преговорите помеѓу Осман Дембеле и Барселона се во застој подолго време, иако Французинот сака да остане на „Камп Ноу“.

Меѓутоа, Дембеле не ги намалува своите финансиски претензии и чека понуди од други клубови, но во моментов нема конкретна понуда од друг клуб.

Според последните информации Чави побарал од раководството да ја подобри понудата и да се обиде да го задржи Дембеле на „Камп Ноу“.

Чави на последниот состанок во управата на Барселона јасно порачал дека сака Дембеле да остане во тимот и следната сезона.

Барселона е изнервирана од целата ситуација, бидејќи Дембеле не одбива да остане во клубот, но флертува со ПСЖ и Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Петок и сабота во Торино се денови резервирани за Ди Марија и Погба

Се поблиску сме до моментот кога Јувентус ќе ги промовира двете големи засилувања во овој …