Барселона сака до крајот на неделата да потпише напаѓач, а за сега има неколку кандидати.
Каталонците го имаат само Луис Суарез на позицијата централен напаѓач и тренерот Ернесто Валверде побарал од челниците на клубот да му донесат уште еден играч од таков профил.
Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓
Челниците на Барселона наводно го посакуваат Алваро Мората, кој би го напуштил Челси доколку Сините се одлучат да го донесат Игуаин од Милан, односно Јувентус. Сепак, Мората според последните информации е поблиску до трансфер во Атлетико Мадрид.
Втор на листата на желби е напаѓачот на Селта, Јаго Аспас, кој е докажен на терените во Ла Лига, а се споменува и Жиру, кој е замена на Мората во Челси.
Уште неколку играчи се во игра, но според шпанските медиуми во најтесниот избор за нов напаѓач на Каталонците се Мората, Асапас, Жиру и Љоренте.