Дома Фудбал Барселона доведе тинејџер од 19 години и му стави клазула од 300 милиони евра 🎥

Барселона доведе тинејџер од 19 години и му стави клазула од 300 милиони евра 🎥

Барселона денес објави дека го комплетирала трансферот на Густаво Маија од Сао Паоло.

Новото 19 годишно чудо Барселона го плати 4.5 милиони евра и во неговиот договор му вметна клазула од 300 милиони евра иако Маија се уште не одиграл ниту еден натпревар помеѓу сениорите.

Маија е висок 169 сантиметри и игра на левата крилна позиција. Најдобрата сезона во кариерата му беше во 2017 година кога на 36 натпревари за Сао Паоло постигна 30 голови.

Играше за У-16 и У-17 репрезентациите, а во Барселона авантурата ќе ја започне во Барселона Б која следната сезона ќе игра во трета лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Урнебесно: Иско во борба сам со себе да ја стигне топката 🎥

Иско е миленик на Зинедин Зидан и веројатно тоа е главната причина зошто е се уште член на…