Дома Фудбал Лига на шампиони Барселона – Баерн: Групната фаза уште на стартот ни носи супер дерби!

Барселона – Баерн: Групната фаза уште на стартот ни носи супер дерби!

Фудбалска Европа не можеше да посака подобар старт на сезоната во Лигата на Шампиони. Барселона и Баерн Минхен е дербито на отварањето на Лигата на шампионите. Овој меч с еигра во рамки на групата Е на „Камп Ноу“ во вторник вечерта.

Куман ќе има тешка задача

Роналд Куман ќе има тешка задача сезонава, задача која не ја посакува веројатно ниту еден менаџер – да ја води Барса до титули без Меси во тимот. Но во голема мера Барса има позитивен старт на сезоната 2021-22, со тоа што екипата освои седум бода од нивните први три натпревари во Ла Лига.

Непосредно пред интернационалната пауза, Барселона славеше над Гетафе со 2:1, а пред тоа одигра реми 1:1 кај Билбао и славеше во воведниот сезонски меч над Сосиедат со 4:2.

Барселона требаше да одигра меч со Севиља минатиот викенд, по завршувањето на квалификациите за Светското првенство, но со оглед на тоа дека двата тима се погодени од доцните пристигнувања на нивните јужноамерикански фудбалери, натпреварот е одложен за подоцнежен датум, нешто на кое се сложија двете екипи. Така, ова е прв меч на Барса по дуелот со Гетафе на 29-ти Септември.

Во однос на ЛШ, Барса е во лоша серија, но каталонскиот гигант нема четири натпревари без победа во Лигата на шампионите од 2013 година. Ќе биде тешко Барса да ја прекине серијата, ако се знае дека на овој меч ќе настапи без Агуеро, Браитвајт, Дембеле, Фати …

Нагелсман знае што прави со Баерн Минхен

Континенталната круна на Баерн се лизна покрај нив минатата сезона, бидејќи тие исто како и Барса станаа жртви на ПСЖ, но тимот на Џулијан Нагелсман има изглед на тим кој ќе се бори да го врати посакуваниот трофеј сезонава.

Имаше многу скептици околу Баерн за време на подготвителниот период. Многумина престанаа да веруваат во Нагелсман, но тој смируваше и постојано повторуваше дека победите се важни во сезоната, а не пред сезоната. На последните пет меча Баерн даде неверојатни 27 гола, меѓу кои и оние против нисколигашот Бремер во Купот каде забележа победа од 0:12. На последните два меча падна Херта со 5:0, а викендов Баерн славеше кај Лајпциг со 1:4.

Се чини дека формата на Баерн постојано напредува, а Нагелсман веќе ја врати довербата кај сите. Баерн не претрпе пораз на гостувањата во европскиот елитен турнир откако загуби со 3:0 кај ПСЖ во септември 2017 година – победи на 14 и ремизираше на четири меча од тогаш – што претставува најдолга серија досега без пораз на гости во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Нов гол на Алиоски за Ал-Ахли🎥

Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски продолжува со добрите партии во дресот на Ал-Ах…