Дома Топ вести Барса спреми 100 милиони за Интер и 42 милиони за Лаутаро

Барса спреми 100 милиони за Интер и 42 милиони за Лаутаро

Не е тајна дека напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез е прва трансфер желба на Барселона во летниот преоден рок.

Каталонците веќе работат на тој трансфер, а „Тутоспорт“ открива каков договор му нуди Барселона на аргентинскиот голгетер. И покрај фактот што двата клуба се уште не се блиску до договор, сепак од „Камп Ноу“ го искушуваат Лаутаро со богат договор.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Имено, Барселона на Аргнетинецот му понудила плата од 7 милиони евра по сезона и договор на 5 години со автоматско продолжување на уште една година.

Лаутаро моментално во Интер добива 2 милиони евра по сезона, а „нероаѕурите“ се спремни со новиот договор да му понудат плата од 4,5 милиони евра по сезона.

Поради тоа Лаутаро се уште е далеку од договор со Интер, а во неговиот актуелен договор има откупна клаузула од 111 милиони евра, која Барселона е спремна да ја плати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…