Дома Топ вести Барса си најде бек во Манчестер!

Барса си најде бек во Манчестер!

Примарна цел на Барселона во зимскиот преоден рок ќе биде доведување на десен бек, особено после повредата на Серџи Роберто.

Со заминувањето на Дани Алвеш на позицијата десен бек игра Серџи Роберто, но Луис Енрике сака да ја засили конкуренцијата, особено поради фактот што Алиеп Видал сигурно заминува од „Камп Ноу“.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Медиумите во изминатите месеци шпекулираа со многу имиња, а последен во низата е Матео Дармијан, кој во јануари сигурно ќе ја промени средината бидејќи е во втор план кај Жозе Мурињо.

Најсилен интерес за Дармијан покажува милански Интер, но Барса се вклучи во трката за потписот бидејќи Италијанецот подеднакво добро може да игра и како десен и како лев бек.
Спортскиот директор на Каталонците Ариедо Браида одлично ги познава квалитетите на Дармијан и веќе стапил во контакт со неговиот агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Салфетка со потписот на Меси за Барселона продадена за скоро милион евра📷

Oткако неодамна беше објавено дека на аукција е ставена салфетката на која Лионел Меси пот…