Барселона се наоѓа во голем проблем, бидејќи може да го загуби Осман Дембеле без обештетување.
Имено, како што пренесуваат шпанските медиуми Дембеле одбил да го продолжи договорот, а во Барселона претпоставуваат дека ќе го почека истекот на договорот за да си замине како слободен играч.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Договорот на Дембеле со Барселона истекува на 30 јуни 2022 година, но тој наводно ги одбил сите можности за продолжување на соработката.
Се уште има доволно време да се променат работите и во Барселона веројатно ќе се обидат да го убедат да стави потпис на нов договор.
Најсилен интерес за Дембеле покажуваат Јувентус, Манчестер Јунајтед и Челзи.