
Шпекулациите за иднината на Филипе Кутињо во Барселона не престануваат откако Бразилецот оваа сезона игра под своето ниво.
Француските медиуми пренесуваат дека за потписот на Кутињо е заинтересиран ПСЖ, а Каталонците ќе се обидат да го вклучат Дембеле во трампа со која ќе го вратат Нејмар на „Камп Ноу“.
Во последно време се погласни се шпекулациите за враќање на Бразилецот во Барселона бидејќи не е среќен во Париз, а наводно пред неколку дена неговите претставници имале таен состанок со каталонскиот клуб.
Шпанските медиуми тврдат дека двата клуба веќе започнале почетни преговори за спектакуларна трампа помеѓу Нејмар и Кутуњо која би се реализирала на лето.
Секако, Барселона ќе треба да доплати помеѓу 50 и 60 милиони евра, но и треба да го убеди Нејмар да прифати помала плата од актуелната. Платата на Бразилецот со шпанските даноци ќе биде финансиски удар за Барселона, но Нејмар наводно е спремен да се договори со Каталонците бидејќи силно посакува да се врати на „Камп Ноу“.