Марио Балотели им се заблагодари на навивачите на Фламенго за поддршката, откако се одлучи да се врати во Италија.
Балотели на крајот од претходната сезона го напушти Марсеј и како слободен агент чекаше на нов ангажман.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
За неговиот потпис се бореа бразилски Фламенго и италијанска Бреша, а на крајот се одлучи да се врати дома.
Фламенго ја објави изјавата со која потврдува дека не биле во можност да договорат доаѓање на Балотели, а репрезентативецот на Италија остави порака за навивачите на овој клуб.
„Им благодарам на навивачите на Фламенго за сите пораки и покажувањето љубов која ја примив од вас во последните денови. Ви посакувам среќа на сите вас.“ – напиша Балотели.
Бало договори едногодишна соработка со Бреша, која се врати во Серија А.