Денеска во својата 67. година од животот почина Ѓорѓе Балашевиќ.
Балашевиќ имал голем талент за фудбал, а во една прилика во интервју во далечната 1979. година, за Темпо зборуваше на кој начин се откажал од фудбалот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сакав да играм фудбал. И што е многу важно – не само што го сакав, туку и бев многу талентиран. Играв за школската екипа и бев најдобар голгетер. Тука ме виделе некои луѓе од ФК Железничар и ме повикаа во своите редови. Со неполни 16 години станав првотимец и најдобар стрелец во екипата. Така пораснаа и моите апетити. Бев забележан од ФК Војводина и за брзо станав член на младинците во тој тим.“ – рече Балашевиќ во далечната 1979. година.
„Меѓутоа, тука настана застој во мојата фудбалска кариера. Тогашниот тренер на младинците во Војводина, Жарко Николиќ, не ги ценеше моите голгетерски квалитети, туку од мене бараше да не давам голови. А јас бев стрелец. Така Николиќ дојде до заклучок дека јас не сум тип на иден голгетер во првиот тим на Војводина, па почнав да го поминувам времето на клупата за резервни играчи. Тоа на крајот ми здосади.“
„Сепак, морам да признам дека многу полесно заработувам во однос на фудбалерите. Мислам дека професионалното играње фудбал е многу тешка физичка работа. Затоа сум му благодарен на Жарко Николиќ што погреши во проценката на мојот талент. Сепак, остана една неостварена желба – во дресот на Војводина да ги тресам мрежите, а мојот татко на трибините да го гледа својот син и да се топи од убавина.“