Дома Фудбал Англија Баерн ја одреди цената за Алкантара, Ливерпул на потег

Баерн ја одреди цената за Алкантара, Ливерпул на потег

alcantara

Не се очекува дека Ливерпул ова лето ќе направи големи трансфери. Сепак, за неколку имиња кои би можеле да пристигнат на Енфилд на големо се шпекулира.

Можеби најдолго траат шпекулациите дека тренерот Јирген Клоп во својот тим посакува да го донесе играчот на Баерн, Тиаго Алкантара.

Во еден период дури се пишуваше дека Алкантара веќе ги договорил условите со Ливерпул, но од Алијанц Арена стигна порака дека за Алкантара нема понуда од никој.

Денеска Билд пишува дека Баерн ја одредил цената за Алкантара што може да биде чекор поблиску до негов трансфер.

Сопствениците на Ливерпул со тоа дознале колку пари ќе мора да издвојат за желбата на Клоп. Наводно, се работи за цифра од 30 милиони евра.

Ова можеби е последната шанса Баерн да заработи од продажба на Алкантара ако се знае дека неговиот договор со Баварците истекува следното лето.

Алкантара оваа сезона запиша 36 настапи за Баерн во сите натпреварувања, постигна три погодоци и додаде две асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Урнебесно: Иско во борба сам со себе да ја стигне топката 🎥

Иско е миленик на Зинедин Зидан и веројатно тоа е главната причина зошто е се уште член на…