
Минхенскиот Баерн е во потрага по играч кој квалитетно ќе го замени Хари Кејн на врвот на нападот и изгледа дека го пронашле. Станува збор за Бразилецот од Брентфорд Игор Тијаго.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Баерн ова лето сака да ангажира уште еден класичен напаѓач кој ќе биде подготвен на улогата на резерва за Хари Кејн и изгледа дека го пронашле конечно.
Откако Душан Влаховиќ им кажа ‘не’, со прилично скромна понуда што му ја дадоа, сега започнале преговори за ангажман на 25-годишниот Игор Тијаго од Брентфорд.
Одличниот Бразилец игра навистина одличен фудбал во Премиерлигата. Привлекол внимание врз себе, а Бајерн одлучил да го донесе во своите редови.
Преговорите веќе започнаа. Се чека официјалната понуда од Минхен и ќе видиме дали германскиот првак ќе успее да го заврши овој трансфер.
25-годишниот напаѓач има пазарна вредност од 65 милиони евра. Сепак, јасно е дека Баварците ќе понудат помала сума од оваа и треба да се очекува понуда во рамките на околу 50 милиони.