Дома Фудбал Германија Баерн се соочува со нов проблем: Полиција влезе во клупските простории!

Баерн се соочува со нов проблем: Полиција влезе во клупските простории!

Сѐ уште не е стивната бурата по промената на клупата, проблемите во соблекувалната и лошите резултати, а во Баерн се појави нова – германските медиуми јавуваат дека федералната полиција влегла во клупските простории на германскиот гигант, во истрага за неправилности.

Полициските инспектори ја истражуваат наводната поврзаност на долгогодишниот функционер на Баерн, Ули Хенес со рускиот олигарх Алишер Усманов, кој важи за близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин. Контроверзниот Хенес веќе беше во затвор поради перење пари, а со Усманов добро се познаваат од претходно.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Инспекторите сметаат дека Усманов често добивал гратис ВИП-влезници за најразлични настани и за натпреварите на Баерн. Ова било доволно за сомнеж кај истражителите, кои бараат поврзаност, односно документи со кои би се докажало дека во клубот се переле пари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…