Баерн во овој милениум, односно во последните 17 години, титулата во Бундеслигата ја освои 11 пати.
Доминација на петткратниот европски шампион периодично ја прекинуваа Вердер Бремен, Штутгарт, Волфзбург и Борусија Дортмунд, но во последните пет години Баерн Минхен делува несоборливо, па во актуелната сезона чекори кон шестата во низа титула.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Бундеслигата е прелесна за Баерн. Од година во фодина сум се поубеден дека Бундеслигата е полесна“, во разговор за Билд истакна некогашниот голман на Баварците, Оливер Кан, алудирајќи дека Бундеслигата константно ја губи атрактивноста.
„Ситуацијата од моето пензионирање не се промени значително. Чинам дека на Баерн во последните години му недостасува конкуренција. Во Бундеслигата не егзистира клуб кој би бил способен да го загрози. Така ќе биде се додека не се појави нова идеја“, заклучи легендарниот голман кој дресот на Баварците го носеше 14 сезони и запиша 632 настапи.
За Баерн нема друго освен да ја напушти Бундеслигата, вели Кан. Порано или подоцна, најдобрите европски клубови ќе создадат своја лига. Тоа е неизбежно сценарио, вели, за кое сите ќе сведочиме.