Дома Трансфер зона Баерн има нова мета: Ќе плати 60 милиони евра за соиграч на Елмас?

Баерн има нова мета: Ќе плати 60 милиони евра за соиграч на Елмас?

Eкипата на Баерн летово ќе назначи нов тренер, а се очекува наследникот на Томас Тухел да биде Винсент Компани. Но, покрај тренерската позиција клубот работи и на засилувања во играчкиот кадар.

Последните информации говорат дека Баерн е сериозно заинтересиран да се засили со Дани Олмо од редовите на Лајпциг.


Германија гази и најавува битка за титула! ↓↓↓


Олмо во својот договор со Лајпциг има откупна клазула од 60 милиони евра и ако баварците се спремни да ја платат тогаш тимот во кој настапува и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас нема да има премногу избро.

Во Бундеслигата, Олмо важи за еден од најдобрите фудбалери во овој момент, а од голема корист за Баерн е што може да игра на две позици, како полушпиц и како десно крило. Во редовите на Лајпциг, Олмо пристигна пред четири години од хрватскиот гигант Динамо Загреб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Мурињо подготвува „бомба“ во Фенербахче: Тргнува по ѕвездата на Барса!?

Mинатата сезона Фенербахче го освои второто место во турската Суперлига, па така летово по…