Дома Фудбал Германија Баерн го награди Мусиала со нов договор

Баерн го награди Мусиала со нов договор

Младата ѕвезда на Баерн Минхен, Џамаил Мусиала потпишал нов договор со Баварците, информира „Билд“.

Веста доаѓа на денот кога талентираниот фудбалер наполни 18 години. Мусиала потпишал договор на 5 години и ќе добива 5 милиони евра по сезона.

Мусиала е роден во Германија, но дел од своето детство го помина во Англија. Кариерата ја започна во Саутемптон, потоа во Челзи, а во Баерн пристигна во 2019 годин.

Тој поседува двојно државјанство, но донесе одлука да игра за германската репрезентација.

Мусиала оваа сезона има одиграно 16 меча во Бундеслигата на кои постигна 3 гола, а пред неколку дека постигна гол против Лацио во Лигата на шампиони.

Коментари
  • Тинејџерот на Баерн го освои Рим🎥

    Баерн Минхен веќе има голема предност од 3:0 против Лацио на полувреме. Најпрво Левандовск…
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Борусија не издржа, Сити до победа и полуфинале, на „Енфилд“ без голови“ 🎥

Во вечерашните двојки во четвртфиналето од Лигата на шампионите не видовме некое изненадув…