Репрезентативецот Стефан Ашковски смета дека со позитивна мисла и голема борбеност, нашата селекција може да се надева на позитивен резултат во Прага против Украина.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Очекувам добар натпревар против Украина. Со позитивна мисла и силна мотивација, да се обидеме да ја пренесеме енергија од последните два натпревари. Борбеност, позитивна мисла и добра мотивација. Тоа е, според мене, најважно за мечот во Прага“, изјави Ашковски.
Македонската репрезентација на 14-ти октомври ќе ги одмери силите со Украина во Прага во рамките на квалификациите за ЕП.