Дома Трансфер зона Атлетико ја најде замената за Гризман: Во напредни преговори за Жоао Феликс

Атлетико ја најде замената за Гризман: Во напредни преговори за Жоао Феликс

0

Младата ѕвезда на Бенфика, Жоао Феликс се уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата, а најсериозни кандидати за неговиот потпис се клубовите од Манчестер, Јувентус и Атлетико Мадрид.

Исто како и Манчестер Сити, така и Атлетико Мадрид е спремен да ја плати откупната клаузула од 120 милиони евра и веќе започна преговори со неговиот агент.

„Јорганџиите“ во Португалецот гледаат идеален наследник на Гризман, кој најави заминување од клубот, па работат на тоа да ја победат конкуренцијата за 19-годишниот талент.

Медиумите пренесуваат дека Атлетико започнал преговори со Бенфика и му нуди на португалскот клуб нуди 30% од следната продажба на Жоао Феликс.

После заминувањето на Гризман во Барселона, што ќе биде официјално на 1-ви јули, „јорганџиите“ ќе имаат доволно средства за да го комплетираат трансферот на Жоао Феликс.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„АС“: Во враќањето на Нејмар се вклучил клучниот човек и забележано е нешто чудно

Се погласно и погласно се најавува враќањето на Нејмар во Барселона, а сега шпански „АС“ з…