Дома Топ вести Атлетико ја „краде“ ѕвездата на Милан

Атлетико ја „краде“ ѕвездата на Милан

Италијанските медиуми пренесуваат дека Атлетико Мадрид е силно заинтересиран за плејмејкерот на Милан, Хакан Чалханоглу.

Турскиот репрезентативец во последно време игра во фантастична форма и е клучен играч кај „росонерите“,  но проблем за Милан е што неговиот договор истекува на крајот на сезоната.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Милан сака по секоја цена да го задржи на „Сан Сиро“, но двете страни се далеку од договор. Ситуацијата будно ја следи Атлетико Мадрид кој е спремен да ги задоволи финансиските барања на Чалханоглу и да го донесе на „Ванда Метрополитано“.

Милан неодамна ја подобри понудата за турскиот репрезентативец и сега се чека одговор од Чалханоглу, кој има и други понуди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…