Дома Трансфер зона Атлетико пред договор со новиот клуб на трагичарот Феликс?

Атлетико пред договор со новиот клуб на трагичарот Феликс?

Жоао Феликс вчера беше трагичар за Португалија откако единствено тој го промаши ударот од 11 метри и Португалците беа елиминирани, денеска медиумите пишуваат и за неговата клупска иднина.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Најавите се дека Феликс би можел наредната сезона да игра во својата татковина бидејќи за него е заинтересирана Бенфика.

Барселона нема намера да го задржи, додека Бенфика е спремна да откупи 50% од неговиот договор со Атлетико. Првата понуда на португалскиот клуб изнесувала 20 милиони евра, а откако била одбиена, стигнала нова од 32.5 милиони евра.

Се очекува тоа да биде доволно Атлетико кој исто така не смета на него да го пушти во Лисабон. Барселона од друга страна е насочена кон доведување на Нико Вилијамс или Дани Олмо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…