Фудбалерите на Арсенал не успеаa да го победат Челзи, но заостанувањето зад Ливерпул не е единствената лоша за вест за тимот на шпанскиот стратег.
Шпанецот по дербито на „Стемфорд Бриџ“ потврди дека Букајо Сака и Деклан Рајс се повредени и дека ситуацијата не изгледа добро.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Не изгледа добро. Ако двајца играчи кажат дека не можат да го продолжат натпреварот, тогаш очигледно тоа не е добра вест“, изјави Артета.
Од Англија стигна потврда дека Сака и Рајс нема да бидат дел од репрезентативниот камп
Арсенал го чека пеколен распоред по репрезентативната пауза, Нотингем доаѓа во Лондон, па гостува кај Спортинг во Лисабон и Вест Хем, додека потоа на „Емирати“ ќе пристигне Манчестер Јунајтед…