Дома Фудбал Лига на шампиони Артета ги загубил нервите – ја навредувал починатата мајка на тренерот на Порто

Артета ги загубил нервите – ја навредувал починатата мајка на тренерот на Порто

Тренерот на Порто, Сержио Консеисао, тврди дека бил навреден од колегата од клупата на Арсенал Микел Артета, за време на натпреварот во осминафиналето на Лигата на шампиони, каде англискиот тим славеше по изведувањето на пенали.

Португалецот по натпреварот не дошол до Артета да му честита за пласманот во четвртфиналето, туку за да му соопшти дека навредувал личност која не е меѓу нас.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Она што Артета ми рече на шпански кон нашата клупа беше навреда за мојата фамилија. Таквото однесување изгледа е карактеристика на шпанските тренери, бидејќи истата ситуација беше и со Гвардиола.

Го навреди моето семејство, на крајот му кажав дека мора да внимава затоа што навредува и личност која повеќе не е со нас. Нека се фокусира на водењето на својот тим, бидејќи поради индивидуалните квалитети на играчите, има обврска да работи повеќе и подобро,“ изјави Консеисао.

Тренерот на Порто не спомна конкретно за која личност станува збор, но Португалците тврдат дека во прашање е неговата мајка. Артета беше прашан за инцидентот по мечот, но остана без коментар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…