Сер Алекс Фергусон и Арсен Венгер од денес се и официјално во „Ќуќата на славните“ на Премиер лигата.
Од нејзиното основање во 1992 година заедно освоија 16 од можни 30 трофеи, Сер Алекс 13 и Венгер три. Тешко дека ќе се појави тандем кој толку многу ќе ја унапреди Премиер лигата, двајцата во своите клубови поминаа повеќе од две децении.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Токму затоа воопшто не е изненадување славните тренери да бидат први примени во „Куќатан а славнитез“. Во текот на 90-тите тие го развија едно од најголемите ривалства во Премиер лигата кое траеше се до 2013 година кога Фергусон одлучи да се повлече.
Венгер го водеше Арсенал до 2018 година и си замина после 22 сезони во Лондон и од тогаш не се занимава со тренерска работа.
Секако дека наскоро и нвои тренери ќе добијат место тука се: Жозе Мурињо, Пеп Гвардиоал, Јирген Клоп…Но, со сета почит кон сите, засега нема некој кој е блиску да остави таков печат во англискиот фудбал како Ферги и Венгер.