Eрик Тен Хаг ќе биде новиот тренер на Манчестер Јунајтед од наредната, Ралф Рагник ќе ја одработи задачата до крајот на актуелната.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Од пензионирањето на Сер Алекс Фергусон Манчестер Јунајтед често менува тренери и никако не успева да се врати на старите патеки. Неуспешни епизоди во Јунајтед имаа: Дејвид Мојс, Луис Ван Гал, Жозе Мурињо и Оле Гунар Солскјер.




Тен Хаг кој во овој момент го води Ајакс важи за човек кој има целосна контрола над тимот, а медиумите пренесуваат дека таков бил и условот за да го преземе Манчестер Јунајтед. И легендарниот Фергусон смета дека токму тоа е нештото кое му е потребно на неговиот поранешен клуб.




„Искрено навистина се надевам дека ќе му оди добро на Тен Хаг. На Манчестер Јунајтед му е потребен човек кој ќе воспостави контрола, се надевам дека ќе успее во тоа“, кратко изјавил Фергусон за англиските медиуми.