Арсенал се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампиони, откако по изведувањето на пенали го елиминира Порто.
Голманот на „топџиите“, Давид Раја беше херој на победничкиот тим, откако одбрани два пенали, а тоа го натера раководството на премиерлигашот да го откупи неговиот договор.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Топчиите“ ќе ја активираат неговата откупна клаузула која изнесува 32 милиони евра колку што ќе добие Брентфорд.
Во текот на тековната сезона, Давид Раја одигра 29 натпревари во сите натпреварувања. Шпанскиот голман во досегашната кариера настапуваше и за Блекбурн и за Саутпорт.