Манчестер Јунајтед ова лето ќе прави голема реконструкција на тимот. Се очекува да пристигнат неколку големи засилувања, но неколку фудбалери сигурно ќе го напуштат „Олд Трафорд“.
Еден од оние кои се на излезна врата е сигурно 25-годишниот дефанзивец од Брегот на Слоновата коска, Ерик Баи. Како што пренесува „Сан“, Солскјер одамна го отпишал дефанзивецот, а тоа сведочи и фактот дека овој фудбалер запиша само три настапи во Премиер лигата откако Норвежанецот ја презеде клупата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Истиот извор пренесвуа дека Баи е желба на Арсенал кој го сакаше уште во јануари, а сега повторно ќе се обиде да го доведе. Во јануари, Солскјер го потврди интересот на Аренал за неговиот фудбалер и коментираше дека не е изненаден што Арсенал сака да го доведе. Сега „топџиите“ наводно се спремни да понудат 30 милиони фунти за овој дефанзивец.
Инаку, тој пристигна во Манчестер Јунајтед пред три години од Виљареал, кога Мурињо беше тренер на Јунајтед.
Баи е интересен за Арсенал од причината што Емери сака да ја засили својата одбрана ова лето, а тешко е дека постои подобра опција од овој фудбалер, со оглед на тоа што има искуство во Премиер лигата и тоа за голем клуб, а при тоа е достапен на пазарот и нема многу години.