Дома Трансфер зона Арсенал го враќа Рафиња во Премиер лигата

Арсенал го враќа Рафиња во Премиер лигата

Арсенал е силно заинтересиран за крилниот напаѓач на Барселона, Рафиња, пренесуваат англиските медиуми.

Рафиња ова лето дојде како големо засилување во Барселона за 65 милиони евра, меѓутоа Каталонците не се задоволни од неговиот допринос и како се вклопи во тимот, па се спремни да го продадат.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Арсенал го сакаше Бразилецот и минатото лето додека играше за Лидс, па сака да го врати во Премиер лигата.

Барселона не би имала против да го продаде Бразилецот за да си ја подобри финансиската состојба и сака да ги врати вложените пари за него.

Менаџерот Артета побарал да му биде доведен Рафиња, а раководството на „топџиите“ наскоро ќе стапи во контакт со менаџерот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…