Дома Трансфер зона Аргентинскиот „бисер“ се уште нема договор со Реал Мадрид

Аргентинскиот „бисер“ се уште нема договор со Реал Мадрид

Еден од најталентираните аргентински фудбалери и член на Ривер Плата, Езекил Паласиос се уште нема договор со Реал Мадрид, иако така се тврдеше во медиумите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Паласиос пред неколку дена наполни 20 години, а неговиота агент изјави дека има неколку кандидати за неговиот потпис.

„Ми се јавија од Интер, Рома и Волфсбург. Многу клубови се интересираат за Паласиос, но најголем е интересот на Реал Мадрид. Имавме разговори и со Барселона, но тие се повлекоа“, изјави агентот Корси за „АС“.

Корси објасни дека одложувањето на финалниот меч меѓу Бока и Ривер го одолговлекува трансферот. Викендов аргентинските клубови ќе играат во Мадрид, па тоа ќе биде одлична шанса „кралбите“ да ги договорат сите детали.

https://youtu.be/br-HtMARkw4

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…