Дома Фудбал Репрезентации Аргентина за срамота: Не даде гол, не победи и е се подалеку од Мундијалот

Аргентина за срамота: Не даде гол, не победи и е се подалеку од Мундијалот

Аргентинската репрезентација е се подалеку од пласман на Светското првенство откако ремизираше на домашен терен против Перу и сега падна на 6-та позиција која не води ни во бараж!

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пред преполни трибини на стадионот „Ла Бомбонера“ во Буенос Аирес, домаќините одиграа уште еден лош натпревар и не успеаа да постигнат гол против Перу (0:0)

Овој резултат ги остави Меси и дружината на 6-то место кое не води води ни во баражот, па сега се ќе биде одлучено во последното коло кога „гаучосите“ му гостуваат на Еквадор.

Продолжи неверојатната црна серија на Аргентина која веќе четири натпревари нема постигнато гол, а последен пат ја затресе противничката мрежа во март.

Интересно синоќа немаше голови ниту на натпреварите Боливија – Бразил и Венецуела – Уругвај. Чиле со 2-1 го совлада Еквадор, а со истиот резултат Парагвај победи на гостувањето кај Колумбија која пропушти да го завери пласманот на СП.

1. Бразил – 38 бода
2. Уругвај – 28 бода
3. Чиле – 26 бода
4. Колумбија – 26 бода
5. Перу – 25 бода
6. Аргентина – 25 бода
7. Парагвај – 24 бода
8. Еквадор – 20 бода
9. Боливија – 14 бода
10. Венецуела – 9 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Официјално: Челси претстави ново засилување кое потпиша до 2033 година 

Челси официјално доби ново засилување за сезоната 2026/27. Аргентинскиот репрезентативец В…